Спомен-костурница на ридот Зебрњак — монументално и триумфално спомен обележје кое е подигнато во слава и чест на загинатите српски војници во текот на Кумановската битка во Првата балканска војна во 1912 година. Српската војска, во која имало и Македонци, извојува победа над турската и со тоа го означи почеток на ослободувањето на југоисточна Европа од Отоманското Царство. Во македонската историографија овој настан се оценува како почеток на српската власт над Вардарска Македонија. Спомен-обележјето е најзначајното остварување на белградскиот архитект Момир Коруновиќ и беше најмонументалниот воен материјал на балканските простори. Споменикот е подигнат во 1937 година на локацијата на самата борба - ридот Зебрњак кај Куманово во тогашната Вардарска бановина во Југославија, денешна Република Македонија. Воена сила од околу 90.000 војници под команда на Александар I Караѓорѓевиќ. Оваа битка ја одлучи Првата балканска војна. На турската војска и бил нанесен тежок пораз, по кој следуваше завршното протерување на Турците од Балканот. Во спомен-костурницата, почиваат посмртни остатоци на 678 загинати српски броци. По ова била исполнето и тежнеењето на српскиот народ да се ослободи Косово и Метохија. Денеска споменикот е во руинирана состојба, поради тоа што бил срушен од страна на бугарските воени сили во текот на Втората светска војна.